Европа ја очекува силен зимски удар, можно е и до половина метар снег: Воздухот од север носи ледени денови
Актуелно

Европа ја очекува силен зимски удар, можно е и до половина метар снег: Воздухот од север носи ледени денови

18. 12. 2025.

Европа, во пресрет на Божиќ и Нова година, би можела да биде погодена од силен зимски продор, покажуваат најновите среднорочни метеоролошки прогнози.

Повеќе временски модели најавуваат спуштање на арктичка воздушна маса од исток и североисток на континентот, која во голем дел од Европа би можела да донесе нагло опаѓање на температурите, снег и услови налик на вистинска сибирска зима.

Метеоролозите предупредуваат дека од 23-ти декември се очекува значајна промена на синоптичката ситуација, со зајакнување на полето на висок воздушен притисок над северна Европа. Таквиот распоред би овозможил продор на студен воздух од арктичките и сибирските подрачја кон централна и јужна Европа, проследен со силни источни ветрови и појава на ледени денови, покажуваат најновите среднорочни прогнози кои ги објави германската верзија на „Weather Channel“.

Според актуелните модели, во многу делови од континентот температурите за време на божиќните празници би можеле да паднат значително под нулата, а во одделни региони максималните дневни вредности не би надминувале нула степени Целзиусови. Најизразен студ се очекува во централна и источна Европа, како и долж рабовите на Алпите, додека западните делови на континентот би можеле да имаат нешто поблаги, но и понатаму студени зимски услови.

Снежни врнежи се најавуваат за широк дел од Европа. Слаб до умерен снег е можен во јужните и централните предели, додека поинтензивни врнежи се очекуваат во источните и југоисточните региони, како и во планинските области. Во одредени подрачја, особено на Алпите и долж Балтикот, локално би можелa да се формира и подебела снежна прекривка.

За самиот крај на декември, временските модели укажуваат на зголемена веројатност за снег во голем дел од централна Европа, додека снежниот фронт на 24-ти декември би можел да се прошири кон југ и југоисток на континентот. Метеоролозите, сепак, нагласуваат дека прогнозите сè уште се подложни на осцилации, особено кога станува збор за количината на снег и јачината на студениот бран.

Извор: tocka.com.mk