10 возачи приведени за едно деноноќие, деветмина возеле без дозвола
Актуелно

10 возачи приведени за едно деноноќие, деветмина возеле без дозвола

09. 10. 2026.

Десет возачи биле лишени од слобода во изминатото деноноќие поради сомнение за безобѕирно управување возило, информира МВР. Деветмина од нив управувале автомобили без положен возачки испит.

Меѓу приведените има лица од Скопје, Куманово, Битола, Гевгелија и други места низ државата. Една 30-годишна жена од струшкото село Делогожда била приведена затоа што возела во спротивна насока.

По целосното документирање на случаите, против возачите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Од МВР апелираат да се почитуваат сообраќајните правила и да не се управува возило без положен возачки испит.