Најголемо поевтинување има кај дизелот, чија цена се намалува за 3,50 денари по литар, додека бензините поевтинуваат за 2 денари.
Новите цени, кои ќе важат од 24 ноември 2026 година, се:
-
ЕУРОСУПЕР БС-95: 82,00 денари за литар
-
ЕУРОСУПЕР БС-98: 84,00 денари за литар
-
ЕУРОДИЗЕЛ: 88,50 денари за литар
-
Екстра лесно масло: 98,00 денари за литар
-
Мазут М-1 НС: 48,110 денари за килограм
Според РКЕ, намалувањето се должи на пониските референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар.
Во пресметката се применети и владините мерки за намален ДДВ на дизелот од 10%, како и намалените акцизи за бензините и дизелот.
Новите цени стапуваат во сила на 24 ноември, од 00:01 часот, а бензинските пумпи можат да продаваат и по пониски цени од утврдените максимални износи.
