Македонски бизнисмени плаќаат тренери за личен развој ама помалку од западните колеги
Актуелно

Македонски бизнисмени плаќаат тренери за личен развој ама помалку од западните колеги

06. 08. 2025.

Лајф коучинг (англ. life coaching) или тренинг за личен развој одамна не е само популарен термин, туку веќе стана почитувана, истражувачки поткрепена професија што трансформира животи и бизнис-организации. Водечката нишка на оваа професија е посветеност да им се помогне на другите да си ги разјаснат целите, да ги надминат пречките и да преземат значајни чекори напред, индивидуално, но и професионално.

„Мордор интелиџенс“ (www.mordorintelligence.com), компанија за истражување пазари, проценува дека глобално пазарот на тренинг за личен развој во моментов вреди 3,64 милијарди долари, а во 2030 година ќе достигне 5,79 милијарди долари со сложена годишна стапка на раст од 9,71 отсто. Најголем удел има Северна Америка, а најбрзорастечки е азиско-пацифичкиот регион.

Според Меѓународната федерација за тренинг за личен развој (ICF), оваа индустрија е во подем на глобално ниво, со над 109.000 сертифицирани тренери низ целиот свет, од кои речиси третина, поточно повеќе од 34.000 се само во Северна Америка, регионот каде што оваа професија е најразвиена.

Што е тренер за личен развој?

Тој е обучен професионалец што им помага на поединците да ги постигнат личните и професионалните цели и обезбедува водство, поддршка и одговорност, оспособувајќи ги клиентите да направат позитивни промени кај себе.

Тренерите работат на различни прашања, вклучувајќи личен развој и развој на кариерата и на здравјето. Преку структурирани разговори, тие им помагаат на клиентите да добијат јасна слика за себе и да ги кристализираат целите што сакаат да ги постигнат, да креираат акциски планови и да ги надминат пречките за нивна комплетна реализација. Тие служат како доверливи партнери во трансформирањето на животот и отклучувањето на потенцијалот.

Тренингот за личен развој е процес што се базира на соработка, во кој тренерот им помага на поединците да постават и да постигнат лични или професионални цели. Целта е индивидуата да ја зголеми самосвеста и да ги надмине пречките за да се создадат предуслови за исполнет живот. Оваа професија оди малку подалеку од давање совети и слушање - се фокусира на раст ориентиран кон иднината и акциски стратегии.

Тренингот за личен развој е различен од терапијата. Терапијата се фокусира на дијагностицирање и лекување на минатите трауми. Спротивно на тоа, тренингот за личен развој се фокусира на иднината и постигнување значајни цели и целосна благосостојба.

Извор: mk.bloombergadria.com