Аква паркот во Скопје и летово затворен
Актуелно

Аква паркот во Скопје и летово затворен

11. 06. 2026.

Аква паркот, кој е дел од Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ во Скопје, нема да работи ни ова лето. Според изјавата на директорот Даниел Апостоловски, објектот е во лоша состојба и потребна е целосна санација.

Директорот Апостоловски изјави дека за рекоснтрукција на аква паркот се потребни милион евра, но во моментов нема финансиски ресурси за таква инвестиција.

- Аква паркот го наследив во очајна состојба. Потребни се милион евра да се реконструира, а оваа година сме насочени кои реновирање на базенот. За жал, и ова лето паркот ќе биде затворен, вели Апостоловски. 

Аква паркот беше затворен во 2024 година. Според ревизорскиот извештај за Спортскиот Центар, одлуката за затворање е донесена поради економска неисплатливост и истечен десетогодишен гарантен рок на опремата. Во 2023 година, аква паркот остварил приход од само 4,29 милиони денари, што е 41% помалку од планираното.

Извор:скопјеинфо