На синоќешното доделување на наградите „Работодавач на Годината“ организирано од страна на Вработување.ком.ЕВН е избрана за Најпосакуван работодавач во категоријата Јавни услуги.Генералниот извештај според направеното јавно анкетирање ja рангираше оваа компанија високо помеѓу компаниите а испитаниците ја преферират EVN како посакувана компанија за вработување од неколку причини меѓу кои и:Можност за професионален напредок (учење),Можност за хиерархиско напредување Но сметаат дека ЕВН нуди и добра рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот.
Наградата им ја врачи Директорот на ННЛБ Фондови Лазе Камчев а ЕВН Македонија на својот официјален Линкдеин профил напиша:
-Чест и задоволство ни е да ве известиме дека ЕВН Македонија е добитник на признанието „Најпосакуван работодавач во секторот на јавни услуги за 2024 година", доделено на настан организиран од страна на Vrabotuvanje.Com.
Наградата им беше доделена на г. Волфганг Мајер, Претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија и г. Фисник Осеку, Раководител на човечки ресурси и организација.
Ова признание е потврда за нашата посветеност кон создавање позитивна и мотивирачка работна средина. Горди сме што нашите напори се препознаени и вреднувани и оваа награда претставува дополнителна мотивација да продолжиме со унапредување на условите за работа и развој на нашите вработени. Наградата е особено значајна бидејќи е резултат на анкетен прашалник за мислењето на јавноста, спроведен на национално ниво.
