Крај на правилото за 100 милилитри: ЕУ ги укинува ограничувањата за течности во рачниот багаж
Актуелно

Крај на правилото за 100 милилитри: ЕУ ги укинува ограничувањата за течности во рачниот багаж

31. 07. 2025.

Европската унија официјално го укина ограничувањето од 100 милилитри за носење течности, аеросоли и гелови во рачниот багаж за летови кои поаѓаат од аеродроми во ЕУ.

Аеродромите што се опремени со потребната безбедносна опрема наскоро ќе им дозволат на патниците да носат течности, аеросоли и гелови до две литри.

Оваа одлука е донесена по ресертификацијата на безбедносната опрема „Smiths Detection“, која беше предмет на проверка во 2024 година поради загриженост за нејзините перформанси.

Ограничувањата за носење течности на летови беа воведени во 2001 година, по терористичкиот напад врз Светскиот трговски центар во Њујорк.