Од ЕСМ објаснуваат дека цената на природниот гас на европската берза во октомври била околу 60 отсто повисока од онаа врз основа на која биле утврдени сегашните тарифи.
РКЕ треба да ги разгледа трошоците и да процени дали барањата на компаниите се оправдани, по што ќе одлучи дали ќе има ново зголемување на цената.
Инаку, парното во Скопје веќе поскапе од 1 август годинава, кога сметките за централно греење се зголемија за 3,6 до речиси 6 отсто, зависно од операторот. Најголемо зголемување од 5,96 отсто имаше кај корисниците на ЕСМ Снабдување.
