Според законските одредби, жолтото светло означува дека возачот треба да ја намали брзината и да се подготви да запре. Исклучок е ситуацијата кога возилото веќе навлегува во раскрсница на зелено светло, а во тој момент се менува сигнализацијата – во таков случај системот за санкционирање не регистрира прекршок.
Топаловски објасни дека камерите имаат точно утврдена зона на снимање и дека прекршок се евидентира само доколку возилото навлезе во раскрсницата по вклучување на црвеното светло. Како доказ служи снимката на која се гледа регистрациската табличка во раскрсницата заедно со сигналот за забрана на движење.
Тој додаде дека почитувањето на сигнализацијата е клучно за безбедноста на сите учесници во сообраќајот, а жолтото светло треба да се сфати како предупредување за навремено запирање.
