Повеќе улици во Скопје во понеделник ќе бидат затворени за сообраќај
Актуелно

Повеќе улици во Скопје во понеделник ќе бидат затворени за сообраќај

17. 01. 2026.

Заради одржување на манифестацијата Богојавлјение-Водици

Поради воведување посебен режим на сообраќај, во понеделник, 19 јануари, повеќе улици во Скопје ќе бидат привремено затворени, информираат од СВР Скопје.

Во централното градско подрачје, за сообраќај ќе биде затворена улицата „Филип Втори Македонски“, на потегот од крстосницата со булеварот „Гоце Делчев“ до крстосницата со улицата „11 Октомври“, во двете насоки.

Во општина Ѓорче Петров, ќе бидат затворени повеќе сообраќајници, меѓу кои и делови од булеварот „Партизански Одреди“, улиците „Ѓорче Петров“, „Васил Чакаларов“, како и делници во близина на црквите „Свети Петар и Павле“ и „Свети Пантелејмон“, до Железничкиот мост на реката Вардар.

Дополнително, во општина Аеродром, за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон Горно и Долно Лисиче.

Од СВР Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат насоките и наредбите на полициските службеници и навремено да ги планираат своите рути.