Поскапе меѓуградскиот превоз: До 11.000 денари месечно за патување до работа
Актуелно

Поскапе меѓуградскиот превоз: До 11.000 денари месечно за патување до работа

04. 09. 2026.

Од 1 септември поскапеа месечните билети за меѓуградски превоз на повеќе релации кон Скопје, поради што граѓани покренаа петиција за „фер цени“.

Месечниот билет Скопје–Тетово сега чини 6.500 денари, Скопје–Куманово 6.000 денари, додека за Скопје–Гостивар е 8.000 денари.

Новите цени претставуваат дополнителен товар за работниците, учениците и студентите кои секојдневно патуваат. За оние кои купуваат два единечни билети дневно по 250 денари, трошокот за 22 работни дена достигнува 11.000 денари месечно, односно 132.000 денари годишно.

Патниците бараат преиспитување на цените и пофер услови за редовните корисници на меѓуградскиот превоз.