Во која европска земја има најмногу ранливи работни места?
Актуелно

Во која европска земја има најмногу ранливи работни места?

04. 08. 2026.

Речиси секое петто работно место во Европската Унија(ЕУ) е ранливо, покажува извештај на Еурофонд.

Така е поради ниски примања, несигурно вработување или ограничени работнички права, покажува најновиот извештај на Европската фондација за подобрување на условите за живот и работа (Eurofound).

Најголем удел на ранливи работни места има Шпанија со 29 проценти, пред Португалија и Луксембург со по 25 проценти и Италија со 24 проценти. Најниски стапки се регистрирани во Унгарија (17 проценти), како и во Малта и Бугарија (по 18 проценти).

Според податоците за 2021 година, 18,8 проценти од вработените во ЕУ работеле во ранливи работни односи. Иако овој удел е помал од периодот по финансиската криза, кога достигна 23,8 проценти, Eurofound предупредува дека проблемот останува значаен.

Eurofound оценува дека најголемите последици се јавуваат кога кај еден работник се комбинираат повеќе форми на ранливост, што води до ограничени можности за напредување, непредвидливи приходи и поголем ризик од анксиозност и депресија. Фондацијата нагласува дека флексибилните форми на работа не смеат да значат намалување на заштитата на работниците и повикува на поефикасни инспекциски контроли.

Извор:faktor.mk