Магична КРОШУ Детска Авантура
Успешни бизнис приказни

Магична КРОШУ Детска Авантура

15. 09. 2025.

Фабриката на Кромберг & Шуберт во Битола викендов се претвори во најсреќното место на светот. Повеќе од 1200 деца на вработените беа дел од традиционалниот настан „КРОШУ Детска Авантура“, кој ја обедини радоста, семејството и детската насмевка во едно незаборавно искуство.

Денот беше исполнет со богата програма која ги воодушеви најмалите: шарена и вкусна храна, балони, тромболини, замоци, играчки, магионичари и многубројни изненадувања и поклони. Секое катче нудеше ново доживување, од магичните настапи кои ги оставија сите без здив, до тромболините и замоците кои станаа омилено катче на сите деца. Атмосферата беше вистинска бајка, создадена да поттикне смеа, забава и другарување. КРОШУ Детска Авантура се претвори во вистински празник на радоста. Фабриката блескаше во бои, смеа и енергија, а создадените спомени ќе останат долго во срцата на сите присутни.

Но, настанот не беше само забава, имаше и посебна вредност. Децата добија можност да ја посетат фабриката, да влезат во производствената хала и да видат каде работат нивните родители. Ова беше ретка и драгоцена прилика малите љубопитни гости одблиску да се запознаат со работната средина и да откријат што значи труд, посветеност и тимска работа.

Преку вакви настани, компанијата уште еднаш ја потврди својата посветеност кон вработените и нивните семејства, градејќи мост помеѓу професионалниот и приватниот живот.

Денот донесе многу емоции, но и важна порака, дека среќата на децата е најголемата награда за секој вложен труд.

Со оваа прослава, Кромберг & Шуберт - Битола уште еднаш докажа дека не е само најголем работодавач во регионот, туку и компанија која создава приказни, вредности и моменти кои траат цел живот.

Еден ден за паметење. Илјада насмевки за радување. Магична авантура која потврди дека детството секогаш треба да биде незаборавна авантура.