ОВАА ОПШТИНА ОТВАРА ВРАТИ ЗА МЛАДИ: Практикантство со месечен надоместок од 15.000 денари!
Актуелно

ОВАА ОПШТИНА ОТВАРА ВРАТИ ЗА МЛАДИ: Практикантство со месечен надоместок од 15.000 денари!

28. 04. 2026.

Студенти и апсолвенти пријавете се

Општина Центар – Скопје објави јавен повик за практикантство, нудејќи им на студентите и апсолвентите можност за стекнување реално работно искуство во општинската администрација.

Програмата овозможува практична обука во различни сектори, со цел вклучување на младите и внесување нова енергија во институциите.

Практикантите ќе добиваат месечен надоместок од 15.000 денари, а ангажманот може да трае до шест месеци. Повикот е наменет за студенти и апсолвенти – жители на општината, а предвидени се вкупно осум места.

ЈАВЕН ПОВИК

За практикантство во Општина Центар – Скопје

 

 

Општина Центар-Скопје распишува Јавен повик за практикантство (ангажирање на практиканти) во Општина Центар – Скопје.

 

Јавниот повик е отворен од 27.04.2026 година и ќе трае до 10.05.2026 година. Практикантската работа ќе започне од 01.06.2026 година.

 

Со овој јавен повик ќе се овозможи на сите студенти и/или апсолвенти на државни/меѓународни/приватни факултети да остварат практикантство во Општина Центар – Скопје, кои жители на општина Центар – Скопје.

 

Практикантството ќе се реализира во секторите на општината согласно можностите и потребите на општинската администрација  на општина Центар.

 

Потребно да се достават следните документи:

 

  • Барање за практикантство;
  • Доказ дека се студенти и/или апсолвенти на државни/меѓународни/приватни факултети,
  • Лична карта и трансакциска сметка,
  • Кратка биографија (CV)

 

Барањата со комплетна документација се доставуваат во архивата на Општина Центар- Скопје, барака бр.6, од 09:00 часот до 15:00 часот, почнувајќи од денот на објавување на јавниот повик (27 Април 2026). По доставувањето на документите, подносителите ќе бидат известени за текот на постапката.

 

Согласно член 7 од Законот за практикантство, Општина Центар ќе прифати максимум осум (8) практиканти, а согласно член 6 од истиот закон, правото на практикантство е еднократно, со максимално времетраење од 6 месеци.

 

За сите дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број 02/ 3203-600 и 02/ 3203-655 или на следната е-маил адреса: vesna.mihajlovakukovska@centar.gov.mk