МВР со засилени контроли: 59 санкции за мотоциклисти и возачи на тротинети
Актуелно

МВР со засилени контроли: 59 санкции за мотоциклисти и возачи на тротинети

28. 07. 2026.

Во акциска контрола спроведена вчера од 17 до 22 часот на подрачјето на Кочани и Виница, полициските службеници изрекоа вкупно 59 санкции за прекршоци сторени од возачи на мотоцикли и лесни електрични возила – тротинети.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, најголем дел од прекршоците се однесуваат на управување мотоцикл без заштитна кацига, при што биле санкционирани 34 возачи. Евидентирана е и една санкција за возач на електричен тротинет, три за управување без соодветна возачка категорија, една за возење под дејство на алкохол, една за истечена регистрација, една за истечена полиса за задолжително осигурување, две за други прекршоци на мотоциклисти и уште 16 за останати сообраќајни прекршоци. 

За време на контролата биле откриени и три кривични дела. Од слобода биле лишени три лица, меѓу кои и еден малолетник, поради сомнение дека сториле кривично дело „управување моторно возило без возачка дозвола“ согласно член 297-а од Кривичниот законик.

Во акцијата биле одземени и три мотоцикли, а против сите сторители ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредниот период, со апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите со цел поголема безбедност на патиштата. 

Извор:skopje1.mk