Колку заработуваат соседите? Просечната бруто плата во Србија достигна 1.431 евро
Актуелно

Колку заработуваат соседите? Просечната бруто плата во Србија достигна 1.431 евро

25. 06. 2026.

Просечната заработка без даноци и придонеси (нето) изнесуваше 121.805 динари (1.037 евра) во април 2026 година, додека бруто пресметаниот износ беше 168.008 динари (1.431 евра), објави денес Републичкиот завод за статистика на Србија.

Растот на бруто заработката во периодот јануари-април 2026 година, во споредба со истиот период минатата година, изнесуваше 11,5 проценти номинално, односно 8,5 проценти реално, додека просечната нето заработка беше поголема за 11,6 проценти номинално, односно за 8,6 проценти реално.

Во споредба со истиот месец од претходната година, просечната бруто плата за април 2026 година е номинално поголема за 11,4 проценти, а реално за 7,8 проценти, додека просечната нето плата е номинално поголема за 11,5 проценти, односно за 7,9 проценти реално.