Важни информации доколку патувате кон Халкидики викендов: Во двата правци се затвора обиколницата кон Солун
Актуелно

Важни информации доколку патувате кон Халкидики викендов: Во двата правци се затвора обиколницата кон Солун

25. 06. 2026.

Од петок во 23:00 часот до недела исто време, сообраќајот ќе биде целосно прекинат во двата правци на дел од обиколницата Солун, поради работи на проектот за надвозник, објави Грчка инфо.

Детални информации за прекинот:

– Западен правец (кон центарот на градот Солун)
• Затворено од 26.06.2026 во 23:00 часот до 28.06.2026 во 23:00 часот.

– Источен правец (кон аеродромот и Халкидики)
• Затворено од 26.06.2026 во 23:00 часот до 28.06.2026 во 23:00 часот.

– Надвозник Пилеа – Панорама
• Затворено од 27.06.2026. од 05:00 до 28.06.2026 во 23:00 часот.

Сообраќајот ќе биде пренасочен по алтернативни патишта низ градот.

Извор: skopjeinfo.mk