Информацијата ја соопшти градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, кој посочи дека постапката за продолжување на линијата е завршена и дека е постигнат договор со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и директорот на ЈСП.
Според најавата, новиот возен ред ќе биде објавен деновиве, а продолжената линија ќе започне да сообраќа пробно за неколку дена. „35-ка“ ќе вози до последната станица на линијата 57 во Радишани.
Од Општина Бутел очекуваат новата релација да наиде на голем интерес кај граѓаните и да стане трајно решение за подобро поврзување на општините.
Костовски им се заблагодари на Град Скопје и ЈСП за соработката, како и на жителите на Бутел за предлозите и сугестиите поврзани со јавниот превоз.
