Бидејќи 25 април 2026 година е неработен ден, рокот се поместува и краен датум за поднесување на пријавите е 27 април 2026 година (понеделник), наведуваат од УЈП.
Според најновите податоци на институцијата, од вкупно 42.605 очекувани пријави досега се поднесени 13.934 ДДВ-04 пријави, што претставува 32,71 отсто од вкупниот број месечни и тримесечни пријави, стои во соопштението.
Од УЈП ги охрабруваат даночните обврзници навремено и одговорно да ја исполнат законската обврска и да ја достават потребната документација до сметководителите за навремена и точна обработка на пријавите.
Истовремено се посочува дека почитувањето на роковите ги намалува ризиците од казни и камати, придонесува за подобро финансиско планирање и ја зголемува предвидливоста во деловното работење. Навременото поднесување, како што наведуваат од УЈП, овозможува и поефикасна обработка и намалување на административниот товар.
Извор:skopje1.mk
