Алкалоид, КАМ и Пивара се најпосакувани работодавачи за 2025
Актуелно

Алкалоид, КАМ и Пивара се најпосакувани работодавачи за 2025

17. 04. 2026.

Вчера, во хотелот Лимак, во организација на Вработување.ком, се одржа настанот „Работодавач на годината“, на кој беа прогласени најпосакуваните компании за вработување во 2025 година, избрани од страна на јавноста.

Пред над 350 присутни гостибизнис лидери, HR професионалци и претставници на дипломатскиот кор – беа доделени наградите за најпосакуваните компании за вработување.

Престижната титула за Најпосакуван работодавач, четврта година по ред, ѝ припадна на Алкалоид – компанија која се покажа како неприкосновен лидер кога станува збор за тоа каде Македонците сакаат да работат.

Според извештајот, јавноста кај Алкалоид најмногу ги цени: Можноста за професионален напредок, добриот третман на вработените, позитивна работна атмосфера но и силната репутација на компанијатa.

Како второпласирана оваа година, јавноста ги избра КАМ маркетите. Јавноста вели дека тие се издвојува поради: Добри меѓучовечки односи (работна атмосфера), коректен однос од претпоставените но и квалитетот на производи и услуги.

Третопласирани во категоријата Најпосакуван Работодавач за 2025 оваа година беа избрани Пивара Скопје, а се издвојуваат според развојните можности и сигурноста на работното место.

На настанот беа доделени и награди за најпоскаувани работодавачи по индустрии.

Добитници по индустрии:

· ЕВН – јавни услуги

· Пивара АД Скопје – производство на храна и пијалаци

· Атлантик Груп – дистрибуција

· Комерцијална Банка АД Скопје – БАНКИ

· ДМ Дрогерија Маркт – Трговија на мало

· Кромберг и Шуберт Македонија – ФАБРИКИ

· Македонски Телеком – телекомуникациски услуги

· КАМ Маркет – Маркети

· ЛПП Македонија – Продажба на текстил

· Делта Бет – Моцарт – игри на среќа

· Нетцетера – ИТ сектор

· Зегин – Аптеки

И оваа година беа доделени Специјални признанија кои секоја година ги доделува Вработување.ком.

Најдобра Employer Branding кампања - за компаниите кои вложуваат во својот имиџ, а благодарение на тоа добиваат реално резултати во однос на атрактивноста за вработување - оваа награда годинава им припадна на:

Гемак Трејд – Малиќи Груп – за најдобра employer branding кампања

Додека пак, оние кои со свое ребрендирање и редефинирање на процесите направиле реален раст и развој ја добија наградата за РЕБРЕНДИНГ РАСТ.

Оваа година наградата отиде во рацете на Рагуза Груп

Инаку наградите се базираат на реална перцепција на пазарот на труд, добиена преку јавно гласање кое се одвиваше на платформата rabotodavac.mk.

Во рамки на овогодинешниот избор беа собрани над 27.000 гласови од повеќе од 9.000 гласачи, што претставува силен показател за кредибилитетот и релевантноста на резултатите.

Покрај гласовите, во финалната анализа се земаат предвид и дополнителни пазарни индикатори, од платформата Vrabotuvanje.com со цел да се обезбеди објективна и сеопфатна проценка на позицијата на работодавачите.

Настанот го отвори мотивацискиот говорник Дарко Мирковиќ, кој во своето обраќање ја потенцираше важноста од лидерство базирано на доверба, развој и грижа за вработените.

Во рамки на програмата, генералниот менаџер на Alma Career Македонија, Дарко Велков, го претстави новиот проект Inclusive Hub – иницијатива насочена кон унапредување на инклузивноста на пазарот на труд, преку поврзување на лицата со попреченост со работодавачите и обезбедување на соодветна обука, поддржана од Alma Career.

Настанот беше воден од актерот Гораст Цветковски и се реализираше под покровителство на Porsche Skopje, Eko Fluid и Creative Solutions – компании кои со својот пример поставуваат стандарди за одговорно и современо работодавачко делување.