ОДЛИЧНО МЕСТО ЗА ПРЕСЕЛБА: Oва е земја каде просечната плата е над 8.000 евра
Актуелно

ОДЛИЧНО МЕСТО ЗА ПРЕСЕЛБА: Oва е земја каде просечната плата е над 8.000 евра

15. 05. 2026.

За сите кои сакаат високи плати и релативно ниски трошоци за живот во споредба со приходите, Лихтенштајн е одлично место за преселба. Tака е според рангирањето на Tax-Free Relocation Index од компанијата „Вилијам Расел“. Жителите на оваа европска држава, сместена меѓу Австрија и Швајцарија, имаат просечна месечна плата од 8.249 евра.

Индексот ги идентификува најдобрите дестинации за преселба, земајќи ги предвид земјите со ниска или нулта стапка на данок на доход. Како фактори се земаат превид просечната плата во земјата, трошоците за домување и даночните стапки, и сѐ тоа како насоки за лица кои бараат финансиски најповолни места за живеење и работа. Сепак, Лихтенштајн е земја со само 160,5 квадратни километри и население од 40.000 жители, а 70 отсто од работната сила е составена од странци – претежно од Германија, Австрија и Швајцарија.

Најлесно да се добие дозвола, е ако најдете работодавач директно во земјата. Најбараните работни места се во областите на ИТ-секторот, финансии, инженерство и медицина. 

Треба да се земе предвид дека Лихтенштајн, поради ограничениот простор и население, издава ограничен број дозволи за престој.
 
Извор:faktor.mk