Предвидено е да се воведат сертификати и стандарди за потеклото и квалитетот, како и регистар на овластени производители и обработувачи. Рубинот ќе се промовира и во земјава и во странство.
Македонскиот рубин, кој официјално е заштитен како национален полускапоцен камен, има карактеристична малиново-розова боја и се наоѓа во околината на Прилеп и планините во Мариово.
Според Министерството, тој е единствениот рубин во Европа што природно се вади и обработува, поради што се работи на негово поголемо меѓународно препознавање и економска вредност.
