Екипите на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје ќе изведуваат санациски активности на мостот „Близнак“ во недела, во периодот од 6:00 до 8:00 часот.
Работите ќе се одвиваат на делницата од крстосницата со улицата „Индустриска“ до крстосницата со булеварот „АСНОМ“, во правец кон Аеродром.
Во рамки на интервенцијата ќе се заменуваат и монтираат оштетените елементи од заштитната пешачка ограда, со цел подобрување на безбедноста на мостот.
За време на изведувањето на работите, крајната лева сообраќајна лента ќе биде привремено затворена, додека другата лента во истата насока ќе остане проодна за возилата.
Делот каде што ќе се работи ќе биде соодветно означен со привремена сообраќајна сигнализација.
Од ЈП „Улици и патишта“ ги повикуваат возачите да покажат трпение, да ги следат поставените сообраќајни знаци и да ја приспособат брзината на движење според условите на патот.
