На државни јасли:10 Бенефити од државната работа
Актуелно

На државни јасли:10 Бенефити од државната работа

08. 06. 2026.

Добредојдовте на државно

 

Зошто сите сакаат на државно-Не е поради амбиција.Не е поради иновации.
Не е ни поради сакам да и слуѓам на земјата!

Туку поради… бенефитите.И тоа какви!

·       Плата на датум. Без „ќе касни два дена“, без „само уште малку трпение“.

·       Боледување? Не е прашање на денови… туку понекогаш и на месеци или години!

·       Породилно? И до три години… сосе сите одмори, продолжувања, побарувања и заобиколувања.

·       Годишен одмор? Може и неплатен… може и да одиш да работиш во Хрватска… местото те чека.

·       Кредит? Па нормално… кога државата гарантира зад тебе, и банката спие мирно.

·       Отказ? Кој е луд да даде отказ од ваква убавина

·       Викенд? Реално… сметај дека почнува во петок околу 11 часот.

·       Прекувремено? Само ако системот падне… и ако некој знае лозинка.

·       Пензија? Сигурна. Стажот си тече, животот си тече.

·       Работно место? Некогаш не се добива… туку се наследува.

И тамам кога ќе речеш „е ова е живот“… вреди да се потсетиме на една мала ситница.

Сите овие бенефити не ги плаќа шалтерот.Не ги плаќа печатот.
Не ги плаќа папката.

Туку приватниот сектор.

Луѓето што работат сабота.Луѓето што добиваат пораки во 22:30.
Луѓето што продаваат, произведуваат, извезуваат, ризикуваат, отвораат фирми, затвораат кредити, плаќаат придонеси, ДДВ, даноци…

Токму тие го полнат буџетот.

Од тој буџет се плаќа сигурноста на системот.

И затоа вистинското прашање не е:

„Зошто сите сакаат државно?“

Туку:

Колку долго приватниот сектор ќе трча маратон… за некој друг да живее спринт без стрес?