Каде ќе завршат стотиците паднати дрвја во Скопје
Актуелно

Каде ќе завршат стотиците паднати дрвја во Скопје

27. 07. 2026.

Од ветерот од 130 километри на час освен што беше предизвикана штета на бројни приватни и државни објекти, паднаа и голем број дрвја во Скопје. Никој не го знае нивниот точен број.

Голем дел од нив се уште се сечат и се расчистуваат од ЈП “Паркови и зеленило“, а станува збор за огромна дрвена маса. Како што објави вчера еМагазин само во Градскиот Парк има стотици паднати дрвја. Од Град Скопје за Слободен печат велат дека паднатите листови, ситните гранки и останатиот растителен отпад се транспортираат во депонијата „Дрисла“, каде што соодветно се одложуваат, а поголемите стебла и дрвната маса се пренесувале во ЈП „Паркови и зеленило“, каде што се складираат и се подготвуваат за понатамошна намена. Од таму велат дека планирано е од нив да се изработуваат летниковци за на Водно, урбана опрема, клупи, оград и слично, а дел од нив ќе завршат за огрев за социјално ранливи категории граѓани.