Бараме Менаџер-BinBin вработува!
Актуелно

Бараме Менаџер-BinBin вработува!

21. 05. 2025.

Ако имаш искуство во организација, работа со тим и логистика – ова е можност за тебе!

BinBin е компанија основана во 2019 година, специјализирана за микромобилност и одржливи урбани транспортни решенија. Компанијата нуди услуги за изнајмување електрични тротинети преку мобилна апликација, овозможувајќи еколошки и практичен начин на движење низ градовите.

BinBin започна со работа во Турција, а потоа го прошири своето присуство во Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Македонија.

Во февруари 2023 година, компанијата го прошири своето влијание во Западна Европа а во мај 2023 година, BinBin започна со работа во Скопје, воведувајќи 500 електрични тротинети на 20 локации низ градот. Ова беше прва услуга од ваков вид во главниот град, овозможувајќи нова опција за кратки урбани патувања. 

Во BinBin, секој вработен има значајна улога. Тимот, особено во теренските и оперативните активности, е клучен за успешното функционирање на компанијата. 

Ако сте подготвени да бидете дел од модерна, одговорна и иновативна компанија што секојдневно расте –
BinBin е вистинското место за вас!

Во моментот има отворен оглас за следната работна позиција:

City Manager
линк за повеќе детали и аплицирање