Како што пишува „Bild“, станува збор за најголемата добивка на лотарија во германската престолнина од почетокот на годинава.
Жената уште од 1996 година ја избирала истата комбинација броеви, која сега ѝ донела милионска добивка, потврдија од „Berlin Loto“.

Броевите 5, 11, 13, 39, 42, 48 и „супер бројот“ 6 ѝ ја донеле големата сума, а особена среќа ѝ донел бројот 13 – број што најретко се извлекува и тоа само 544 пати од 1955 година, потсетува „Bild“.
Интересно е што најчесто извлекуваниот број – 6 – не се нашол на нејзиниот тикет во изминативе 30 години.

Среќната добитничка е на возраст меѓу 50 и 60 години и живее во берлинската населба Шонеберг. Други детали за неа нема да бидат објавени поради дискреција, додаваат германските медиуми.
Втора шестка на лото е извлечена и во Хамбург, каде добитникот освоил 3,2 милиони евра.

