Помалку грицки, повеќе овошје: училиштата ќе добијат нови насоки за исхраната
Актуелно

Помалку грицки, повеќе овошје: училиштата ќе добијат нови насоки за исхраната

14. 10. 2026.

Министерството за образование и наука наскоро ќе достави препораки до училиштата во земјава за поздрава исхрана на учениците, откако истражување спроведено со меѓународни организации и невладини организации открило неправилности во досегашните практики.

Целта е да се намали консумирањето чипсови, смоки, бисквити, енергетски пијалаци и обоени сокови, а да се зголеми присуството на свежо овошје, како јаболка, круши и банани.

Некои училишта веќе вовеле промени во училишните менија во соработка со родителите. На пример, во основното училиште „Димитар Влахов“ во Штип се ограничени нездравите грицки и пијалаци, а учениците добиваат сезонско овошје, јогурт и различни печива.

Паралелно со промените во исхраната, училиштето вовело и забрана за користење мобилни телефони, со цел да се подобрат комуникацијата меѓу учениците и концентрацијата на наставата.