Еврозоната со највисока инфлација во последните три години
Актуелно

Еврозоната со највисока инфлација во последните три години

31. 08. 2026.

Инфлацијата во еврозоната се очекува да забрза на 3,3 отсто во август, наспроти 2,9 отсто во јули, што би било највисоко ниво од 2023 година.

Според прогнозите на економистите, растот на цените е поттикнат главно од повисоките трошоци за енергијата, во услови на продолжени тензии на Блискиот Исток.

Инфлацијата веќе забрза во неколку од најголемите економии во еврозоната. Во Шпанија растот на цените значително ја надмина целта од 2 отсто на Европската централна банка, додека податоците од Франција исто така беа над очекувањата.

Новите податоци се важни за одлуката на ЕЦБ за каматните стапки, која треба да биде донесена на 10 септември. Економистите и инвеститорите сè повеќе очекуваат дополнително зголемување на каматите поради повторното засилување на инфлациските притисоци.

Сепак, основната инфлација, која ги исклучува нестабилните цени на енергијата, се очекува да остане стабилна на околу 2,5 отсто.

Во следните денови се очекуваат и податоците од Германија и Италија. Прогнозите се годишната инфлација во Германија да достигне 3,1 отсто, а во Италија 3,4 отсто.