Според новите правила, патниците пред почетокот на возењето ќе имаат информации за планираната рута, максималната цена и возилото. Апликациите ќе овозможуваат следење на возењето и издавање електронска потврда, а плаќањето ќе биде исклучиво безготовинско.
Се менува и начинот на пресметување на цената, која ќе се утврдува според изминатото растојание или времетраењето на возењето, со цел да се спречи двојна наплата.
Новина е и задолжителното познавање на словенечкиот јазик за такси-возачите, додека во двојазичните подрачја ќе се бара и познавање на италијански или унгарски јазик.
За постојните превозници е предвиден рок од една година за исполнување на јазичните услови.
Предложените измени треба да овозможат поголема транспарентност, подобра контрола и модернизација на такси-превозот во Словенија.
