Хрватска издаде 11.384 дозволи за македонски работници
Актуелно

Хрватска издаде 11.384 дозволи за македонски работници

18. 12. 2025.

Додека и Македонија се соочува со недостиг од работна сила и зголемена миграција на работници, најновите податоци од Хрватска покажуваат силна побарувачка за странска работна сила.

Од почетокот на годинава до 30 ноември, во Хрватска се издадени над 160 илјади дозволи за престој и работа за странски државјани, што уште еднаш ја потврдува регионалната конкуренција за работници и притисокот врз пазарите на трудот во земјите од Западен Балкан, вклучително и Македонија.

Од почетокот на годината до 30 ноември, вкупно 160.176 дозволи за престој и работа се издадени на странски работници во Хрватска, според статистиката на МУП. Од вкупниот број издадени работни дозволи, 76.700 од нив се однесуваат на нови вработувања.

64.009 од нив се за продолжување на постојните дозволи, додека 19.467 дозволи се издадени за сезонска работа, објавува „Јутарњи“.

Најмногу дозволи за престој и работа им се издадени на граѓани на БиХ (30.188), по што следат Непал (29.579) и Србија (23.145). По неа следуваат Филипините (16.195), Индија (14.500) и Македонија (11.384), а во првите десет се и Косово (5.860), Египет (5.149), Узбекистан (5.161) и Бангладеш (3.183).

Најмногу дозволи се издадени во јануари, а продолжувања во ноември.

Извор: biznisinfo.mk