Силниот ветер собори дрвја и семафор: Внимателно на патиштата кон Скопје и Тетово!
Актуелно

Силниот ветер собори дрвја и семафор: Внимателно на патиштата кон Скопје и Тетово!

20. 11. 2026.

Силниот југозападен ветер предизвика проблеми на повеќе патни правци низ Македонија, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

На патот Гостивар – Стража – Кичево, кај клучката „Гостивар“, паднале семафор и канделабра, како и неколку дрвја, кои биле отстранети од коловозот.

Паднато дрво било отстрането и на патот Скопје – Тетово, пред Карпалак, додека на регионалниот пат Тетово – Скопје (Р1206) екипите на ЈП „Македонија пат“ работат на расчистување на паднатите дрвја и нормализирање на сообраќајот.

АМСМ апелира до возачите да ја приспособат брзината на условите на патот, да возат внимателно и да ја почитуваат сообраќајната сигнализација.