Мерка 1: За лица над 29 години
• Грант во износ од 430.500 денари (околу 7.000 евра)
• Дополнителни до 250.000 денари за лица со попреченост
Мерка 2: За лица до 29 години
• Грант до 615.000 денари (околу 10.000 евра)
Право на аплицирање имаат:
• Невработени лица евидентирани во Агенцијата за вработување
• Рурални жени
• Корисници на гарантирана минимална помош
• Лица со попреченост
• Жени жртви на семејно насилство
• Повратници од странство
• Лица кои сакаат да ја формализираат својата дејност
Секоја од мерките вклучува:
- Обука за претприемништво
- Изработка на бизнис план
- Шестмесечно менторство
Исклучоци:
Од повикот се исклучени некои активности како дел од земјоделските дејности, такси превоз, игри на среќа, осигурување и посредување при вработување. За рурални жени и лица со попреченост се дозволени одредени исклучоци, согласно регулативата.
Повикот е отворен и заинтересираните можат да аплицираат преку Агенцијата за вработување.
