За да се пријават, кандидатите треба да имаат положено оценка 9 или 10 по предметот за кој сакаат да бидат тутори, добар академски успех и развиени комуникациски вештини.
Заинтересираните студенти треба да достават лични податоци, информации за студиите, доказ за положениот предмет и кратка мотивација на адресата Marijana.Sekulovska@eccf.ukim.edu.mk.
Рокот за пријавување е 20 ноември 2026 година. Избраните кандидати ќе поминат кратка ориентација, а потоа ќе им пружаат индивидуална или групна академска поддршка на колегите.
Повеќе информации се достапни во официјалниот повик на факултетот.
