Ако сакаш да си пожарникар крајниот рок е ДЕНЕС! Аплицирајте веднаш во Центрите за вработување
Актуелно

Ако сакаш да си пожарникар крајниот рок е ДЕНЕС! Аплицирајте веднаш во Центрите за вработување

17. 07. 2025.

Сите заинтересирани можат да се пријават само преку локалните Центри за вработување. Таму ќе треба да пополнат апликациски формулар и да достават потврда од матичен лекар дека немаат здравствени состојби кои би го попречиле извршувањето на работните обврски. Доколку во нивното место нема Центар за вработување, пријавувањето може да се направи и во најблискиот соседен град.

До крајот на денешниот ден, четврток, отворен е јавниот повик за ангажирање на нови пожарникари низ 14 општини во земјава. Повикот е дел од националната стратегија за справување со шумските пожари, а во Скопје се бараат дури 80 пожарникари кои ќе бидат дел од територијалните противпожарни единици.

Сите заинтересирани можат да се пријават само преку локалните Центри за вработување. Таму ќе треба да пополнат апликациски формулар и да достават потврда од матичен лекар дека немаат здравствени состојби кои би го попречиле извршувањето на работните обврски. Доколку во нивното место нема Центар за вработување, пријавувањето може да се направи и во најблискиот соседен град.

Избраните кандидати ќе бидат распоредени локално, додека дел од најспособните – особено оние од Скопје и околината – ќе добијат шанса да конкурираат и за новата специјална единица за заштита и спасување, која е во фаза на формирање.

Повикот завршува вечерва. Заинтересираните треба лично да се јават во Центарот за вработување и да ја поднесат потребната документација. Според надлежните, интересот е голем, но теренот има потреба од дополнителни сили, особено во периодот на зголемен ризик од пожари.

Ако сакате сигурна работа, месечна плата и чувство дека придонесувате за безбедноста на заедницата – ова е можност што не треба да се пропушти.