Сакате да студирате во Кина? Пријавете се за една од двете стипендии
Актуелно

Сакате да студирате во Кина? Пријавете се за една од двете стипендии

13. 11. 2026.

Владата на Народна Република Кина доделува две стипендии за македонски кандидати за академската 2027/2028 година, за додипломски, магистерски и докторски студии, како и за специјализации, информира Министерството за образование и наука.

Заинтересираните кандидати треба да аплицираат онлајн преку платформата www.campuschina.org и да ја достават потребната документација согласно конкурсот на МОН.

Крајниот рок за пријавување е 15 јануари 2027 година. Покрај електронската апликација, кандидатите треба да достават и копија од пријавниот лист во архивата на Министерството за образование и наука.

Изборот на стипендистите ќе го врши Амбасадата на Кина во Скопје, а избраните кандидати треба да ги започнат студиите во септември 2027 година.

Повеќе информации за условите, потребната документација и начинот на аплицирање се достапни во официјалниот конкурс на МОН.