Вчера во 18:55 часот на експресен пат Штип - Радовиш, од страна на полициски службеници со помош на специјално возило - пресретнувач на Министерството за внатрешни работи измерена е брзина на движење на патничко моторно возило ,,мерцедес" со скопски регистарски ознаки од 178 километри на час надвор од населено место каде што максималната дозволена брзина е 110 километри на час.
„Против возачот П.К.(33) од Радовиш се преземени соодветни мерки и ќе се соочи со законски предвидената санција.
Сообраќајните контроли со специјалните возила - пресретнувачи продолжуваат и во наредниот период на територијата на цела држава, со цел санкционирање на сторителите, зголемување на безбедноста и заштита на учесниците во сообраќајот“, објави МВР.
Извор: faktor.mk
