Се верува дека ова христово чудо се случило точно шест дена пред предавството и убиството на Христос на голгота.
За овој празник се врзуваат голем број обичаи и празници, а на денешен ден именден слават Лазар, Лазе, но и сите имиња што се поврзани со имиња на билки, како Цветан, Цвета, Калина, Јагода...
Исто така, според традицијата денес се берат врбови гранчиња и цвеќиња. Врбовите гранчиња се носат во црква и им се раздаваат на верниците.
Според други верувања пак, свежото цвеќе што денес ќе се набере треба да се остави да преноќи во чаша вода и со таа вода сите во домот следниот ден да се измијат за здравје, среќа и благосостојба.
Исто така, на денешен ден во минатото било традиција немажените млади девојки да се облечат во најубавата облека и да одат од куќа до куќа и да пеат лазарови песни, а домаќините од куќата ги даруваат со дарови.
Оваа традиција и ден-денес е зачувана во голем број македонски градови, но често наместо млади и немажени девојки, лазарските песни ги пеат мали девојчиња облечени во бели и невестински фустанчиња, а како подарок добиваат пари, шноли и други украси за девојчиња.
Извор:црнобело
