Приборот ќе биде поевтин за 15%, од 15 АВГУСТ СТАРТУВА „УЧИЛИШНАТА КОШНИЧКА“
Актуелно

Приборот ќе биде поевтин за 15%, од 15 АВГУСТ СТАРТУВА „УЧИЛИШНАТА КОШНИЧКА“

09. 08. 2025.

Книжарниците нема да може да ги креваат цените до небо!

Од 15 август до 15 септември 2025 ќе важи мерка за намалување на цените на школскиот прибор – најмалку 10% во трговијата на големо и 15% во трговијата на мало. Таа опфаќа продавници од различни типови и широк спектар производи: тетратки, ранци, моливи, боици, калкулатори, ножици, лепак, папки и други материјали.

Секој производ ќе биде јасно означен, а во продавниците ќе има плакати со информации за мерката. Намалувањата ќе се пресметуваат според цените од 1 јуни 2025 или набавните документи за понови производи, за да бидат реални и проверливи.

Мерката има за цел да го заштити семејниот буџет пред почетокот на учебната година, обезбедувајќи еднаков и достоинствен старт за сите ученици. Минатата година заштедите по ученик изнесуваа од 750 до 2.000 денари.