Речиси 30% од Европејците немаат пари за неочекувани трошоци
Актуелно

Речиси 30% од Европејците немаат пари за неочекувани трошоци

11. 11. 2026.

Речиси една третина од населението во Европската Унија не може да се справи со неочекувани финансиски трошоци, покажуваат најновите податоци на Евростат за 2025 година.

Според статистиката, 29,2 отсто од граѓаните на ЕУ не можеле да покријат непланирани трошоци, што е мало подобрување во однос на 2024 година, кога уделот изнесувал 30 отсто.

Најтешка е финансиската состојба во Грција, каде што дури 50,5 отсто од населението не може да се справи со вакви трошоци. Следуваат Латвија со 43,7 и Бугарија со 42,4 отсто.

На спротивната страна е Холандија, каде што само 15,3 отсто од граѓаните имаат ваков проблем. Малта и Чешка се на следните места со по 18,7 отсто.

Податоците покажуваат дека финансиската сигурност и можноста за покривање неочекувани трошоци остануваат важен предизвик за голем дел од европските домаќинства.