Денеска (23 ноември) се очекува засилен ветер, особено во западните делови, каде што брзината ќе надминува 70 километри на час. Ќе има и врнежи од дожд, кои на повисоките места ќе преминуваат во снег. Максималните температури ќе достигнат од 11 до 19 степени.
Од вторник следува заладување, со утрински температури од минус 4 до 3 степени, додека дневните ќе се движат од 6 до 14 степени.
Најстудено ќе биде во среда наутро, кога температурите ќе се спуштат до минус 6 степени. Во текот на денот ќе преовладува сончево време, а кон вечерта на запад повторно се очекуваат врнежи.
Во четврток се најавува облачно време со дожд, снег на повисоките места и дневни температури од 5 до 11 степени.
