Новиот Audi Q7 пристигна во Македонија: Луксуз, напредна технологија и моќни перформанси
Актуелно

Новиот Audi Q7 пристигна во Македонија: Луксуз, напредна технологија и моќни перформанси

30. 10. 2026.

Порше Македонија официјално го претстави новиот Audi Q7, премиум SUV модел кој комбинира современ дизајн, напредни технологии, висок комфор и моќни перформанси. Возилото веќе е достапно во продажниот салон на Audi во Македонија.

Во присуство на претставници на медиумите, деловни партнери и љубители на автомобили, во салонот на Audi во рамките на Порше Македонија се одржа официјалната промоција на новиот Audi Q7.

Настанот започна со обраќање на генералниот директор на Порше Македонија, Златко Муцунски, кој го нагласи значењето на овој модел за брендот Audi и долгогодишната доверба што компанијата ја гради со своите клиенти.

Бренд-менаџерот на Audi, Весна Бошнаковска, ја истакна поврзаноста на брендот со македонските купувачи, како и неговата препознатлива филозофија „Напредок преку техника“ (Vorsprung durch Technik).

May be an image of car and text

Простор, удобност и технологија во едно возило

Карактеристиките на новиот Audi Q7 ги претстави маркетинг-менаџерот Стефан Јовановски, кој го презентираше моделот како автомобил приспособен за семејните потреби, деловните обврски и слободното време.

Новиот модел се издвојува со впечатлива Singleframe предна решетка, современи HD Matrix LED светла со Audi ласерска технологија и дигитални светлосни потписи, кои придонесуваат за подобра видливост и препознатлив изглед.

Внатрешноста е осмислена за максимална удобност и практичност, со можност за конфигурација со пет или седум седишта, напредна акустична изолација и простран багажен дел.

May be an image of car, jeep and text

Напредни дигитални системи и quattro погон

Audi Q7 располага со дигиталниот инструмент-панел Audi virtual cockpit, MMI инфозабавен систем со интегрирани апликации и премиум аудиосистем Bang & Olufsen 3D Sound System.

Во поглед на перформансите, моделот нуди моќни и ефикасни мотори со mild-hybrid технологија, препознатливиот quattro погон на сите четири тркала и адаптивна воздушна суспензија, наменета за поголема стабилност и удобност при возење.

Со комбинацијата на простор, технологија и динамични возни карактеристики, новиот Audi Q7 е наменет за возачи кои бараат практичност без откажување од луксузот.

May be an image of car and crowd

Новиот Audi Q7 веќе може да се погледне во салонот на Audi во Порше Македонија, каде што заинтересираните купувачи можат одблизу да се запознаат со неговиот дизајн и опрема.

May be an image of car and text