Најголем број кучиња биле заловени во општина Гази Баба, вкупно 18.
Од ЈП „Лајка“ предупредуваат дека во последниот период забележуваат зголемен број сопственички кучиња кои се движат на јавни површини без надзор.
Оттаму потсетуваат дека секое куче затекнато на јавна површина без сопственик, без разлика дали е микрочипирано или не, може да биде заловено согласно нивните надлежности.
Од претпријатието апелираат до сопствениците да ги почитуваат законските прописи и да не ги оставаат своите миленици да се движат слободно без надзор.
