Оставате бакшиш во хотел? Еве колку се препорачува да оставите на собарките
Актуелно

Оставате бакшиш во хотел? Еве колку се препорачува да оставите на собарките

04. 09. 2026.

Оставањето бакшиш на хотелскиот персонал не е задолжително, но за многу гости тоа е начин да покажат благодарност за добрата услуга. Особено се поставува прашањето колку е соодветно да се остави на собарките кои се грижат за чистотата и уредноста на собата.

Според препораката објавена од „Блиц“, соодветен износ е до 3 евра дневно по соба. Сумата може да зависи и од категоријата на хотелот, како и од тоа колку гостинот е задоволен од услугата.

Собарките се задолжени за менување на постелнината, местење на креветите, чистење и вшмукување на собите, одржување на бањата, како и дополнување на сапуни, тоалетна хартија и други средства.

Ако одлучите да оставите бакшиш, најдобро е парите да ги оставите на видливо место, како ноќната масичка или масата, заедно со кратка порака дека се наменети за персоналот. На овој начин нема да има забуна дали парите се оставени случајно.

Некои гости практикуваат да оставаат помал износ секој ден, наместо еден поголем бакшиш на крајот од престојот. Ова е особено практично во поголемите хотели, каде што собата може да ја чистат различни собарки во текот на престојот.

Сепак, бакшишот останува личен избор и не е обврска. На интернет мислењата се различни – некои гости никогаш не оставаат бакшиш, додека други оставаат и по 5 или 10 долари, особено кога патуваат со деца.