Од Истанбул до Бугарија за 90 минути: Турција ја завршува новата брза железница
Актуелно

Од Истанбул до Бугарија за 90 минути: Турција ја завршува новата брза железница

05. 10. 2026.

Турција ја завршува изградбата на нова железничка линија за големи брзини што го поврзува Истанбул со бугарската граница. Делницата Черкезќој–Капикуле, долга 153 километри, ќе биде пуштена во употреба на 9 октомври.

Новата линија е наменета и за патнички и за товарен сообраќај, а возовите ќе можат да достигнуваат брзина до 200 километри на час. Проектот се гради од 2019 година со финансиска поддршка од Турција и Европската Унија.

Со целосното завршување на железничката линија Халкалı–Капикуле, патувањето меѓу Истанбул и границата со Бугарија ќе се скрати од околу 4 часа на 1 час и 30 минути.

Ќе се намали и времето за транспорт на стока – од 8,5 на 3,5 часа.

Проектот ќе овозможи поврзување на градовите Текирдаг, Киркларели и Едирне со мрежата на брзи железници. Работите на преостанатите делници од линијата сè уште продолжуваат.