РАБОТНИЦИТЕ ОД БАЛКАНОТ НАЈЧЕСТО РАБОТАТ ЗА ВИКЕНД: Македонија меѓу европските рекордери
Актуелно

РАБОТНИЦИТЕ ОД БАЛКАНОТ НАЈЧЕСТО РАБОТАТ ЗА ВИКЕНД: Македонија меѓу европските рекордери

27. 08. 2026.

Додека за многумина викендот е време за одмор, речиси секој трет работник во Македонија редовно работи во сабота или недела.

Според најновите податоци на Евростат, 21,3% од вработените и самовработените лица во Европа редовно работат за време на викендите. Процентот е значително повисок во земјите од Балканот и Медитеранот.

На прво место е Грција, каде што за викенд работат дури 41% од работниците. Следуваат:

  • Босна и Херцеговина – 33%
  • Македонија – 32%
  • Малта – 32%
  • Кипар – 32%

Кога се анализираат само вработените, без самовработените лица, Грција, Кипар и Македонија повторно се на врвот, со повеќе од 30% работници кои редовно работат за викенд.

Сосема поинаква е состојбата во северна и источна Европа. Во Литванија за викенд работат само 4% од работниците, во Унгарија 7%, а во Полска 7,5%.

Сопствениците работат почесто од вработените

Податоците покажуваат дека 46% од сопствениците на бизниси и самовработените лица работат за викенд, наспроти 18,5% од вработените.

Кај самовработените и работодавачите, повторно предводи Грција со дури 75%. Следуваат Белгија со 66% и Франција со 60%.

Кој најчесто работи за викенд?

Викенд-работата најмногу зависи од професијата и секторот. Најчесто работат:

  • 47,6% од вработените во услужните дејности и продажбата
  • 47,2% од работниците во земјоделството, шумарството и рибарството
  • 25,7% од работниците во основните и физички занимања

Податоците покажуваат дека за голем број работници во Европа, а особено на Балканот, саботата и неделата сè уште не значат задолжително одмор.

Извор: Euronews и Евростат