УЈП: За шест месеци во Македонија потрошени 1,6 милијарди евра на игри на среќа
Актуелно

УЈП: За шест месеци во Македонија потрошени 1,6 милијарди евра на игри на среќа

08. 10. 2026.

Податоците на Управата за јавни приходи (УЈП) покажуваат дека во првите шест месеци од годинава, граѓаните и странските државјани во Македонија потрошиле речиси 1,6 милијарди евра на игри на среќа.

Најголем дел од сумата се однесува на електронски апарати за игри на среќа, додека значителен дел отпаѓа и на казината и обложувалниците.

И покрај новите мерки за ограничување на близината на објектите за игри на среќа до училиштата и други образовни институции, секторот и понатаму бележи огромен финансиски обем.

Од приредувачите на игри на среќа, пак, велат дека дислоцирањето на објектите нема да го намали коцкањето, туку може да поттикне дел од активностите да се префрлат во нелегални канали.