Минималните температури ќе се движат од 12 до 19 степени, додека максималните ќе достигнат од 29 до 33 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а температурата ќе се движи од минимални 18 до максимални 33 степени.
Какво време нè очекува во наредните денови?
До средината на следната работна седмица ќе продолжи сончевото и топло време, со слаба до умерена облачност во текот на денот.
До понеделник ќе дува северозападен ветер, кој во недела и понеделник долж Повардарието повремено ќе достигнува брзина поголема од 40 километри на час.
Од вторник се очекува ветерот да го промени правецот и да дува од југозапад.
