АКО ТРЕБА ДА СЕ СЛИКАТЕ ИЛИ ДА ПОДИГНЕТЕ ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ: Работното време на МВР за време на Велигденските празници
Актуелно

АКО ТРЕБА ДА СЕ СЛИКАТЕ ИЛИ ДА ПОДИГНЕТЕ ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ: Работното време на МВР за време на Велигденските празници

18. 04. 2025.

Сите Отсеци за управни работи при Одделот за управни работи на МВР, освен Одделението за управни работи Скопје, ќе работат во периодот од 08.00 до 16.00 часот, соопшти Министерството за внатрешни работи .

Одделението за управни работи Скопје, пак, односно неговите организациони единици денеска ќе работат со следниот временски распоред:

Пункт Пролет - двосменски од 07.30 до 19.30 часот;

Пункт МТВ - двосменски од 07.30 до 19.30 часот, а со истиот распоред ќе работат и пунктовите во Беко и во Ѓорче Петров;

Пунктовите Драчево и Бутел ќе работат во една смена во периодот од 10.00 до 18.00 часот.

МВР ги известува граѓаните дека фотографирањето за лични документи ќе се врши без закажување на термин, а издавањето на документите ќе се одвива тековно.

Утре (сабота 19.04.) ќе работат само шалтерите за издавање на лични документи во МТВ и Беко од 08.00 до 16.00 часот.

Извор: faktor.mk