МЕПСО: Дефект и испад на 110 Kv трансформатор е причина за прекинот на електричната енергија
Актуелно

МЕПСО: Дефект и испад на 110 Kv трансформатор е причина за прекинот на електричната енергија

18. 05. 2025.

МЕПСО АД информираше дека дефект и краткотраен испад на 110 kV преносна мрежа е причината за тоа што пола Македонија остана без струја. Како што наведуваат во соопштението високите напони на 400 kV мрежа во целиот регион, што го афектирало системот и го предизвика краткотрајниот испад на енергетските трансформатори 400 /110 kV во трансформаторски станици.

„Станува збор за реигонален и европски проблем со кои се соочуваат речиси сите преносни систем оператори поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија во текот на ноќните часови и викендите во овој период од годината. Од настанување на испадот, екипите на АД МЕПСО експресно реагираа и за околу еден час по прекинот, нормализирано е напојувањето со електрична енергија во државата.Екипите на АД МЕПСО продолжуваат да работат на целосно нормализирање на стабилноста на електроенергетскиот систем“, велат од МЕПСО.

Додаваат дека преку нови инвестиции се придонесува за зајанување на стабилноста на системот.

„Дополнително, вреди да се истакне дека систематично преку реализација на новите инвестиции во тесна соработка со соседните преносни систем оператори, се придонесува за зајакнување на стабилноста на системот, кој во минатото беше сериозно запоставен и неадекватно одржуван. АД МЕПСО и понатаму будно ја следи состојбата и се врши координација со преносните системи во регионот со цел да се обезбеди стабилност во системот и безбедност на корисниците со напојување со електрична енергија“, се посочува во соопштението.

Извор: skopjeinfo.mk